Македонија вмро-дпмне

Ристески зеде учество на меѓународен настан од областа на локалната самоуправа во Сокобања, Србија

Во организација на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), во Сокобања (Србија) се одржа дводневен настан на теми поврзани со концептот на транспарентно, одговорно и отчетно владеење на локално ниво.

Ристески зеде учество на меѓународен настан од областа на локалната самоуправа во Сокобања, Србија

Предавањата и трибините на настанот беа дизајнирани за на учесниците да им овозможи опремување со практични примери, вештини и стратегии кои се неопходни за транспарентно работење во интерес на граѓаните и заедницата.
На настан учество зеде и Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, кои пред присутните сподели практики за успешно локално владеење, кои ги има акумулирано преку долгогодишното работно искуство во локалната самоуправа, вклучувајќи и трите мандати како градоначалник на Прилеп.

Во своето обраќање на настанот Ристески потенцираше дека најважните елементи во процесот на јакнење на интегритетот и постигнувањето успешни резултати се транспарентноста и отчетноста, бидејќи само на тој начин може да се изградат институции кои работат за интересот на граѓаните.

To top