Израелските сили по децении влегле во срцето на Појасот Газа.
Израелските одбранбени сили ИДФ велат дека убиле висок развивач на оружје на Хамас, „шефот за стратешко оружје и ракети“ по име Мохсен Абу Зина. Извештајот не е независно потврден.
Израелскиот генерал-мајор Јарон Финкелман вели дека секој ден и секој час силите убиваат милитанти. Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт кажа дека би можеле да вршат рации во градот.
СкајЊуз пишува дека нема индикации дека израелските сили масовно се преселиле во градот. Сепак, жителите на Газа велат дека тенковите биле позиционирани на периферијата од „урбаното срце“ на градот. Военото крило на Хамас информира дека неговите борци нанесуваат големи загуби и штета на напредните израелски сили.
Над 10.500 луѓе загинаа во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, објави Министерството за здравство предводено од Хамас. На 7-ми минатиот месец, Хамас почна со напади на Израел.