Францускиот фудбалски клуб ПСЖ, сепак, не се откажува од Мбапе – му понуди нов договор со баснословна плата
Француските медиуми сега тврдат дека првиот човек на клубот Насер ал Келаифи имал состанок со Мбапе на кој му ја истакнал својата понуда.
Таа изнесува 80 милиони по сезона и двегодишен договор со многу бонуси за индивидуалните и тимските остварувања и успеси. Наводно, Ал Келаифи бил мошне расположен последните денови и верувал дека е можно да се продолжи соработката.