Јирген Клоп јасно стави до знаење каков е неговиот став во врска со воведувањето на „син картон“ како нова „револуционерна одлука во фудбалот“.
Најавите дека ФИФА планира експресно да го воведе синиот картон и веќе од наредната сезона да почне со експерименти на новото правило беа жестоко критикувани од тренери, фудбалери и од фудбалските аналитичари, поради што светската куќа на фудбалот ретерираше и го врати предлогот на дополнително разгледување.
За Клоп, нема дилема дека едно вакво правило само уште повеќе би ја зголемило конфузијата кај судиите за време на натпреварите.