СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“.
Тој, на 23.01.2024, во близина на охридското село Вапила, бил затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума во приватна сопственост.