Детроит Пистонс го испрати Бојан Богдановиќ заедно со Алек Буркс во Њујорк Никс, во спротивна насока заминаа Еван Фруние, Квентин Грајмс, Малачи Флин, Рајан Арчидаконо. Детроит од Њујорк доби и два пика од втората рунда на драфтот.
Хрватскиот репрезентативец пропушти дел од сезоната поради повреда, но по враќањето на теренот игра во одлична форма и несомнено ќе биде големо засилување за Никс кои се борат за НБА плеј-офот.
Богдановиќ сезонава одигра 28 меча со просечни 20,2 поени, 3,4 скока и 2,5 асистенции.
Од друга страна, Алек Буркс е на 12,6 поени, 2,6 скока и 1,6 асистенции. Тој веќе играше за Никс во 2022 година.
Некаде во исто време, трејд направија Оклахома и Шарлот. Главна ѕвезда на овој трејд е поранешниот Ол-стар, Гордон Хејворд.
За Хејворд, Шарлот ги доби покрај Василије Мициќ, Давис Бертанс и Тре Мен.
Мициќ, пред две години беше МВП во Евролигата, но во Оклахома речиси и да не играше.
На 30 настапи имаше просек од 3,3 поени, 2,5 асистенции и 0,8 скока.