Модната дизајнерка Кристина Беквалац е многу активна на своите профили на социјалните мрежи каде често споделува содржини од нејзиното секојдневие.
Имено, Беквалац на својата Инстаграм приказна сподели видео од букетот што го доби и остави краток опис.
-Добивам цвеќе пред операцијата. Благодарам, напиша Кристина.
Бидејќи со ова видео ги загрижи своите многубројни следбеници, сестрата на Наташа Беквалац повторно проговори и откри за што се работи.
– Луѓе, не грижете се. Операцијата е естетска и се е во ред, напиша таа.