Македонија да бидеме хумани

ОТКАКО КРАДЦИ МУ ГИ УКРАЛЕ ПАРИТЕ ОД ДОНАЦИИ, ПОВТОРНО СМЕ МУ ПОТРЕБНИ: Донирајте за Леонид! (А1 143-500) (Телеком 143-118)

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):
А1: 143 500 Телеком: 143 118

ОТКАКО КРАДЦИ МУ ГИ УКРАЛЕ ПАРИТЕ ОД ДОНАЦИИ, ПОВТОРНО СМЕ МУ ПОТРЕБНИ: Донирајте за Леонид! (А1 143-500) (Телеком 143-118)

На Леонид Индов му е потребна наша помош. Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот  Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот рбет и не може да ги движи рацете и нозете. Клиника во Швајцарија му гарантира процес на излекување преку современи методи, но за семејството да ги обезбеди средствата за лекување, потребна им е поддршка и помош од сите нас.

Потребни се 800.000 евра за третманот кој на Лео му овозможува излез од темниот тунел во кој сега се наоѓа. Досега е собран дел од потребната сума, но само заедно можеме да стигнеме до вкупниот износ. Секоја мала или голема донација е значајна. Помогнете го лекувањето на Леонид, покажете хуманост и споделете љубов.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):

А1: 143 500

Телеком: 143 118

Или преку сметка:

Од Македонија:

ЛЕОНИД ИНДОВ

210-7000006805-91 НЛБ БАНКА

Од странство:

BRANKO INDOV

st.23 OKTOMVRI no.27/4-11 SKOPJE

IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

Достапен е и фандрајзерот за помош на Лео ТУКА.

Инаку крадци упаднале во домот на младиот Леонид Индов и ги одзеле сите пари собрание од донации. Неофицијално, како што дознава Скопје Инфо крадците одзеле пари во износ од 50 илјади евра, средства собрани за негово лекување.

Најнови вести од Македонија

To top