Македонија Нема смртни случаи!

Во Македонија има 18 случаи со голема кашлица: Кај детето хоспитализирано на Детската клиника се применува имуносупресивна терапија

Петличковски додаде дека во моментот сите 18 случаи во земјава се засебни случаи и токму тоа е причина да се прогласи епидемија на територијата на град Скопје, за да не се дозволи да се појават кластери.

Во Македонија има 18 случаи со голема кашлица: Кај детето хоспитализирано на Детската клиника се применува имуносупресивна терапија

Кај четиригодишниот пациент кој е вакциниран со голема кашлица, а е хоспитализиран на Детска клиника се работи за состојба која индицира примена на имуносупресивна терапија. Имуносупресивната терапија дава простор луѓе и деца кои се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени, меѓутоа, секако дека кај нив инфекцијата ќе помине полесно отколку ако не бил имунизиран, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

Тој на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање информираше дека има и деца и возрасни хоспитализирани. Како што посочи, самата вакцинација има ефикасност меѓу 80 и 90 проценти, што значи секогаш постои можност инфекцијата да најде простор и да се појави во релативно добро покриена средина со популација со вакцини.

-Баш ги разгледувавме бројките и од Србија. Во Србија е ситуацијата таква што од околу 700 луѓе со потврдена инфекција на голема кашлица дури 64 проценти се вакцинирани, меѓутоа пости и друга работа. Постои опаѓање на имунитетот после десет години во просек, така што се размислуваат сите варијанти и опции за освежување на имунитетот кај критични, кај ризични болни, кај постари од над 65 години, додаде Петличковски.

Сепак, тој напомена дека ова се нивните првични препораки затоа што во моментот сме во добра состојба споредбено со регионот. Како што рече, има 18 случаи, а нема смртни случаи.

Петличковски додаде дека во моментот сите 18 случаи во земјава се засебни случаи и токму тоа е причина да се прогласи епидемија на територијата на град Скопје, за да не се дозволи да се појават кластери.

-Прогласувањето на епидемија ќе ни даде можности многу полесно да ја ублажиме ситуацијата, еве веќе гледаме дека дневно имаме два нови случаи пријавено се засилува. До каде ќе оди не знаеме. Ова е вистинското време да преземеме некои конкретни чекори, додаде Петличковски.  (МИА)

To top