Надлежните забележаа дека сензорите за тежина на совозачкото седиште, коишто не се исправни и треба да се заменат, може да предизвикаат воздушните перничиња да не се активираат како што е предвидено.
Ревизијата се однесува на одредени примероци на „Хонда Пилот“, „Акорд“ и „Цивик“ произведени меѓу 2020. и 2022 година, како и на некои возила „ЦР-В“ и „Паспорт“ од 2020 – 21 година.
Јапонската компанија истакна дека има 3.834 барања врз основа на гаранцијата и оти нема извештаи за повреди или жртви.
Инаку, „Хонда“ повлече и 4,5 милиони возила ширум светот поради опасност од неисправност кај пумпата за гориво.