Хемингс, ескадрилен предводник на британските сили за време на Војната, колку што е познато, е најстариот пилот кој управувал со тој модел на авион. Пилотот Бери Хјуз, кој беше со Хемингс за време на вчерашниот лет, рече дека неговиот поискусен колега има природна дарба.
– Не му требаа никакви инструкции, тој само го презеде леталото, направи неколку вртења и основни маневри и си ја заврши работата. Мислам дека навистина уживаше во секој миг на летот, изјави Хјуз.
Воениот ветеран никогаш претходно не управувал со „Спитфајер“, но летал со други авиони. Тој истакна дека е „апсолутно волшебно“ да се биде зад воланот, иако летот бил „нерамен“ – со многу непредвидени случувања.
– Искрено, сѐ тоа се чувствуваше како малку „’рѓосано“, што не е изненадувачко – и јас сум „рѓосан“, се пошегува Хемингс.
Неговиот 20-минутен лет во јужна Англија имаше за цел да собере пари за добротворното друштво што го основал пред 80 години. Од Втората светска војна, хуманитарната „Мисија на здружената авијација – МАФ“ (Mission Aviation Fellowship) со авиони носи помош, лекови и други намирници во земјите каде што е потребна. Хемингс и на својот 100-ти роденден изведуваше аеро-акробации со што собра над 40.000 фунти за својата добротворна организација.