Легендата на кантри музиката Тоби Кит почина на 62-годишна возраст, пишува Daily Mail.
Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи.
-Тоби Кит мирно почина синоќа, 5-ти февруари, опкружен со своето семејство. Својата борба ја водеше храбро. Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство во овој момент, се вели во пораката.
Пејачот ја остави сопругата Триша Лукас и нивните три деца. Имал и четири внуци.
Неодамна откри дека се бори со рак на желудникот.
-Ги минував сите хемотерапии, зрачење, операции и стигнав до точка каде што ми беше удобно со што и да се случи. Го подготвив мозокот за тоа и онака бев на добро место, изјави Кит.