Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува да си ја крева цената на фудбалскиот пазар со одличните игри во дресот на Абердин, кои му донесоа место во тимот на колото во Шкотска по ремите на неговиот тим против Селтик (1-1) минатата сабота.
Тој се најде во врвот на нападот во идеалниот состав, откако беше стрелец на погодокот на својот тим во пресметката со гигантот од Глазгов , за што претходно го доби и признанието за најдобар играч на натпреварот.
Ова беше седми гол за Миовски во последните осум средби за Абердин, со што само го зголеми интересот на повеќе европски клубови, кои претстојново лето нема да жалат пари да го донесат во своите редови.