Македонија

Се огласи и градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ја следиме ситуацијата со пожарот, апелирам смиреност помеѓу жителите

Градоначалникот на Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук вечерва информира за состојбата со пожарот кој вечерва гори на врвот од планината Жеден.

Се огласи и градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ја следиме ситуацијата со пожарот, апелирам смиреност помеѓу жителите

„Информиран сум за пожарот кој во моментов се уште беснее на ридот над Кондово, односно на пределот кон с. Рашче.

Сите надлежни институции се навремено информирани и ситуацијата е под контрола. Будно ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, веднаш дополнително ќе се интервенира.

Апелирам за смиреност помеѓу жителите на Ѓорче Петров, се со цел да не се создава непотребна паника кај населението“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top