Познати

И ПОНАТАМУ НЕ СУМ СЛОБОДЕН: Нови шок детали по сообраќајната несреќа на Ѓорге Давид во Македонија во која загина жена, сочувство до Ахрим за загубата!

И ПОНАТАМУ НЕ СУМ СЛОБОДЕН: Нови шок детали по сообраќајната несреќа на Ѓорге Давид во Македонија во која загина жена, сочувство до Ахрим за загубата!

Рокерот Ѓорге Давид пред неколку дена усмрти жена во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје – Куманово во близина на граничниот премин Табановце.

Иако нашите органи му ги вратија документите и му дозволија да се врати во Србија, тој за српските медиуми вели дека се уште не се чувствува слободен, а слободата би дошла кога би завршило сето ова, а најрано шест месеци од сега.

-Тоа е нешто што е едноставно во целата оваа ситуација мораше да се сличи, а тоа е условноста. Велат луѓето: „Ги доби документите, слободен си“. Не, јас воопшто не се чувствувам така. Јас во таа смисла ќе се чувствувам слободен кога овој процес ќе заврши. Нема да заврши за месец дена, дај Боже да заврши за пола година, дај Боже на тој документ да немам ниту јас никаква одговорност која треба да ја сносам – ако тоа така биде, дури тогаш ќе се чувствувам слободен, открил рокерот.

Тој додава дека надлежните му рекле дека тоа е несреќен случај со смртни последици во кој тој бил учесник.

Пејачот изразил сочувство и до сопругот на починатата сопруга.

„Сакам јавно да му изразам сочувство на господинот Ахрим, кој ја загуби сопругата во оваа грда приказна. Автомобилот го возела неговата ќерка и таа влегла во спротивната лента. Таа скоро положила за возачка дозвола и по кратко време го доживеала сето ова. Моето најискрено сочувство. Ќе сакам еден ден да ја израдувам“ изјавил тој.

To top