Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници на југоисточниот фронт и им додели медали, соопшти денеска неговиот кабинет.
И Зеленски преку социјалните мрежи информира дека ги посетил војниците во селото Роботина, на јужната линија на фронтот
„Запорожје. Роботина. Локација на 65-та механизирана бригада. Разговарав со бранителите, им се заблагодарив и им врачив државно одликување. Чест е да се биде овде денеска, објави Зеленски.
Селото Роботина беше ослободено од украинските сили во текот на летото.