Мото ГП трката за Големата награда (ГН) на Аргентина што требаше да се вози на патеката Термас де Рио Ондо на 7 април, трета трка во сезоната, е откажана и нема да биде презакажана.
Причината за тоа е економската криза со зголемена инфлација во Аргентина. Од МотоГП соопштија дека промоторот на трката „не може да ги гарантира потребните услуги“ за одржување на настанот. Но тие се надеваат дека трката ќе се врати во МотоГП календарот за 2025 година.