Кошарка си поигрува со противниците

Јокиќ го оствари 15-тиот трипл-дабл оваа сезона (ВИДЕО)

Јокиќ го оствари 15-тиот трипл-дабл оваа сезона (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс го совладаа Портланд треилблејзерс со 120:108 во натпревар во кој доминираше Никола Јокиќ кој одигра меч каков што не е виден од 1968 година.

Јокиќ дуелот го заврши со нов трипл-дабл од 27 поени, 22 скока и 12 асистенции, а вакви бројки пред него оствариле само двајца кошаркари во историјата, Елџин Бејлор и Вилт Чембрлен, и последен пат трипл-дабл со барем 27 поени, 22 скока и 12 асистенции е направен во 1968 година.

Ова беше негов 15-ти трипл-дабл сезонава и вкупно 120-ти во кариерата, а втор во сезонава на кој има најмалку 20 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Покрај Јокиќ, одлична партија одигра и Арон Гордон кој даде 18 поени, додека на спротивната страна најпрецизни беа Скот Хендерсон со 30 и Анферни Симонс со 29 поени.

Голден стејт игра се подобро и утринава го победи Мемфис гризлис со 121:101, а интересно е ниту Стеф Кари ниту Клеј Томпсон не беа најдобри кај Воините. Тоа беше центарот Џонатан Куминга со 29 поени, додека Кари застана на 20 поени.

Резултати: Детроит – ЛА Клиперс 125:136, Вашингтон – Мајами 102:110, Атланта – Феникс 129:120, Индијана – Сакраменто 122:133, Хјустон – Торонто 135:106, Мемфис – Голден стејт 101:121, Минесота – Орландо 106:108, Оклахома сити – Шарлот 126:106, Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:114,, Денвер – Портланд 120:108.

To top