Искусниот Жером Боатенг од денес и официјално е нов фудбалер на италијанска Салернитана со што се исполнија најавите од претходните денови.
Поранешниот фудбалер на Баерн и Манчестер Сити по епизодата во Лион пристигнува во последнопласираниот тим во Серија А со цел да му помогне во битката за опстанок.
Боатенг зад себе има богата кариера во која настапуваше за Манчестер Сити, Хамбургер, Лион и Баерн Минхен каде што остави најдлабока трага.