На 01.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(50) од Скопје, удрило во пешакот В.М.(80) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.