Кошарка

Анадолу Ефес остана без тренер по поразот од Жалгирис

Анадолу Ефес остана без тренер по поразот од Жалгирис

Поранешниот европски кошаркарски шампион, Анадолу Ефес доживеа тежок пораз на вчерашниот меч против Жалгирис во Евролигата, пораз по кој управата на клубот одлучи да реагира и му врачи отказ на тренерот Ердем Џан.

Џан имаше одлична сезона со Турк Телеком по што доби шанса да го води Анадолу Ефес како наследник на Ергин Атаман. Ердем со соочи со многу предизвици во актуелнава кампања, многу клучни играчи му беа повредени, мораше да бара нови решенија, но клубот немаше повеќе трпение со него и реши да се откаже од неговите услуги и да му посака среќа за во иднина.

Составот од Истанбул засега не се огласи во однос на тоа кој ќе биде негова замена, но информациите се дека најверојатно шанса ќе добие Томислав Мијатовиќ до крајот на сезоната.

To top