Македонија УХМР

Насекаде температури под нулата, еве во кои делови од Македонија е најстудено

Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Насекаде температури под нулата, еве во кои делови од Македонија е најстудено

Најстудено утрово е во Берово -11 Берово, во Демир Капија е -9, Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија – 8, во Штип и Кавадарци -7, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка -6, во Дебар Куманово, Охрид, Виница и Дојран се зимерени -4, во Крушево – 2 и на Попова Шапка -1 степен.

УХМР информира дека снежната покривка во маврово е 11, а на Попова Шапка четири сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево, наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Најнови вести од Македонија

To top