Хроника Долно Блаце

Во Македонија приведен маж од Косово, бил баран од Интерпол Германија

Тој бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Скопје и предаден на Основен суд Скопје.

Во Македонија приведен маж од Косово, бил баран од Интерпол Германија

На 29.01.2024 на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Г.(42) од Косово затоа што при извршена проверка било констатирано дека за него имало распишана меѓународна потерница по барање од Интерпол Германија.

Тој бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Скопје и предаден на Основен суд Скопје, каде му бил одреден 30-дневен екстрадиционен притвор, по што бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

To top