Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед , Сер Алекс Фергусон, застана цврсто во одбрана на актуелниот предводник на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг.
Славниот шкотски менаџер смета дека Холанѓанецот мора да добие голема поддршка од сите и верува дека тој е вистинското решение за клупата на трикратниот европски шампион.
Тен Хаг беше мета на многу критики поради слабите игри на тимот, но Јунајтед успеа во последните четири кола да забележи три победи, по што тензијата малку запре и страстите се привремено смирени.
Дел од британските медиуми пишуваат дека управата сериозно размислувала за смена на тренерот, но Алекс Фергусон разговарал со клупските челници и рекол дека Тен Хаг мора да добие комплетна поддршка од сите, за да може да се фокусира на долгорочниот план кој го зацрта како приоритет по пристигнувањето во Манчестер.