Актуелниот тренер на Ал-Итихад, Нуно Еспирито Санто, се наоѓа пред отказ поради несогласувањата со најголемата ѕвезда на екипата, Карим Бензема.
Ал-Итихад кој со Еспирито Санто минатата година ја освои титулата во саудиската Про лига, оваа сезона не игра според очекувањата и во последните пет меча не успеаја да слават иако во тимот играат фудбалери како Бензема, Нголо Канте, Фабињо…
Според шпанските медиуми, Бензема и Еспирито Санто немаат добри односи, а на полувремето на мечот од азиската Лига на шампиони против ирачкиот тим Ал-Јавија, дошло до вербална расправија во која паднале тешки зборови.
Наводно, Бензема побарал од челниците на Ал-Итихад да му врачат отказ, односно да избираат меѓу него и тренерот.
Нема дилеми дека челниците на тимот ќе застанат зад Бензема кој заедно со Кристијано Роналдо се најплатени фудбалери на светот со неверојатни 200 милиони евра годишна плата. Тие дури планираат да ангажираат француски стратег кој би имал добри односи со Бензема, но и со втората голема ѕвезда Нголо Канте.