Лара Гут-Бехрами победи на велеслаломската трка во Кронплац, Италија, во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. Швајцарката со денешиот триумф опасно се доближи до лидерката во генералниот пласман Микаела Шифрин.
Гут-Бехрами во неделата во Кортинда д’Ампецот славеше во супер велеслалом, а денешната во велеслалом за неа беше вкупно петта победа сезонава.
Таа оствари време од 2:00,64 минути, a зад неа со нешто повеќе од една секунда заостанување финишираа Алис Робинсон од Нов Зеланд и Швеѓанката Сара Хектор, кои имаа идентично време па ќе го поделат второто место.
Гут-Бехрами е лидер во велеслалом со 585 бодови, а втора е Федерика Брињоне со 85 помалку. Во генералниот поредок, Швајцарката сериозно се доближи до лидерот Микаела Шифрин и сега има само 95 бодови помалку во однос на Американката, која води со 1.209 бодови.
Претстојниот викенд требаше да има две трки во Гармиш-Партенкирхен, но истите се откажани поради високите температури во германскиот ски-центар.