Џоел Ембид е еден од најдобрите центри и играчи во НБА лигата, а со тоа дефинитивно и во светот.
-Повеќе би сакал да бидам фудбалер отколку кошаркар. Многу го сакам. Ниту еден друг спорт не е блиску до фудбалот, ништо слично. Ми се допаѓа концептот за тимот. Во кошарката, ако имаш двајца добри играчи, можеш да победиш, но во фудбалот, тимот мора да биде заедно, -вели Ембид и додава:
-Фудбалот беше моја прва љубов. Да бидам искрен, повеќе сакам фудбал отколку кошарка. Јас сум всушност голем фан. Јас пораснав во Италија. Од шест до 14 години играв фудбал секој ден. Тоа е всушност мојот омилен спорт. Можете да видите дека фудбалот имаше многу врска со тоа колку се развивав. Без разлика дали се работи за работа со нозете или координација на очите и раката, мислам дека фудбалот одигра огромна улога во тоа што сум денес, -обелодени Камерунецот во поткастот „Men in Blazers”.