Екипата на Вардар 1961 и во следниот период ќе остане без услугите на својот најдобар ракометар оваа сезона, Косуке Јасухира.
Имено, јапонскиот среден бек, кој во Скопје пристигна на едногодишна позајмица од Висла Плок, денес потпиша краткорочен договор со екипата на Ал Кадсија од Кувајт. Јасухира треба да биде големо засилување за кувајскиот тим на претстојниот азиски шампионат, кој на програмата е од 17 до 26 ноември.
View this post on Instagram
Така по кратката авантурата во Азија, Јасухира треба да се врати во Скопје и да му се стави на располагање на тренерот Недановски.
Потписот на Јапонецот во Ал Кадсија не би требало да претставува голем проблем за Вардар, бидејќи двократниот евопски шампион во тој период треба да одигра три натпревари – против Бутел Скопје, Прилеп и Вардар Неготино.