Промо

УНИ Банка АД Скопје објави успешно надоградување на мобилната банкарска апликација со алатката “Мој Буџет”

Станува збор за алатка преку која клиентите ќе можат да ги планираат и следат своите расходи, што соодветно помага во остварување и зголемување на месечната заштеда. Секој клиент има можност да ја персонализира согласно своите моментални и таргетирани потреби. Овозможува преглед на финансиите, со преглед на расходите во реално време.

УНИ Банка АД Скопје објави успешно надоградување на мобилната банкарска апликација со алатката “Мој Буџет”

Во насока на унапредување на мобилното банкарство, УНИ Банка АД Скопје, со големо задоволство објавува успешно надоградување на мобилната апликација со уште една функционалност која претставува додадена вредност.

“Мој Буџет” е софтверска алатка која има за цел да овозможи секој корисник да извлече максимум од својот приход.

Станува збор за алатка преку која клиентите ќе можат да ги планираат и следат своите расходи, што соодветно помага во остварување и зголемување на месечната заштеда. Секој клиент има можност да ја персонализира согласно своите моментални и таргетирани потреби. Овозможува преглед на финансиите, со преглед на расходите во реално време.

Алатката е едноставна за користење и многу функционална. Овозможува лесен начин за проверка  дали расходите се на вистинскиот пат! Нуди интересен увид дали се надминати поставените цели, слобода за поставување нови приоритети и стекнување на нови навики.

А чекорите се едноставни. Креирате месечен буџет со поделба на расходите по различни категории (пр: храна, шопинг, режиски трошоци, спортски активности итн), си поставувате цел за заштеда и потоа го следите трошењето по категории, примач, земја и воедно добивате графички приказ на истите. Кога плаќате од Вашата сметка, независно дали со помош на картичка, преку мобилно банкарство или на банкомат, трошоците се категоризираат автоматски, немате дополнителен ангажман, само увид каде и за што се Вашите трошења.

Дополнително, тука се и персонализираните нотфикации, известувања за трансакциите и предупредувања за надминување на поставените износи по категории. Нотификациите помагаат за зголемување на свесноста, подобра контрола врз расходите и остварување заштеда.

За кого е наменета оваа нова дигитална алатка?

“Мој Буџет” е алатка дизајнирана да ни помогне да развиеме и оддржуваме здрави финансиски навики.

Намената е за секој кој ги препознава бенефитите од новите технологии, кој сака да има контрола и детален преглед над своите финансии, да има увид во своите навики на трошење и да ги менува кон подобро.

За поединци кои ги ценат своите приходи, посветуваат внимание на своето буџетирање и штедење, за амбициозни луѓе кои си поставуваат цели во животот, бидејќи преку алатката “Мој Буџет” добиваат еден вид личен советник, консултант кој ќе работи во функција на нивните интереси.

Достапна е за секој корисник на мобилното банкарство на УНИ Банка, преку најновата верзија на мобилната апликација.

 

Милица Тосева – Заменик Директор – Дирекција Банкарство за население

УНИ Банка АД Скопје

 

 

To top