Според распоредот на настаните што ги објавува Стејт даепартментот за денеска наведено е дека на дијалогот ќе присуствува заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Во 11,15 минути тој ќе учествува на церемонијата на потпишување на меморандум за разбирање на маргините на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија во Стејт департментот. А веднаш потоа ќе има посебна средба со министерот Муцунски.
Во тоа време државниот секретар Марко Рубио, според агендата на Стејт департментот, ќе има разговори со министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс.
Во стратешкиот дијалог ќе учествуваат неколку високи функционери на Стејт департментот, меѓу кои и Ани Ву, високиот службеник на Бирото за нови закани. Во најавата на Стејт департментот за стратешкиот дијалог не е наведено какви меморандуми или изјави ќе бидат потпишани.