Брз воз TGV што превезувал неколку стотици патници излета од шините откако се судрил со камион во северна Франција, објавија денеска француските медиуми.
Во несреќата загина машиновозачот на брзиот воз, а 27 патници се повредени, покажуваат првичните полициски информации цитирани од радиодифузерот TF1.
Францускиот министер за транспорт Филип Табаро објави дека ќе замине до местото на несреќата помеѓу градовите Бетјун и Ленс, во регионот Па-де-Кале, заедно со шефот на железницата Жан Кастекс.
Сообраќајната несреќа се случила на премин во градот Но-ле-Мин, надвор од француската мрежа за брзи возови.
Возот TGV се движел со брзина на обичен воз.
Весникот „Гласот на северот“ (La Voix du Nord) објави дека возот се судрил со приколка на камион што превезувал воени возила.
Фотографиите што ги сподели функционер од железничкиот синдикат покажуваат дека вагонот на генераторот на возот е тешко оштетен и е исфрлен надвор од шините. Синдикалниот претставник рече дека само една недела претходно, тежок воен транспортен автомобил заглавил на рамен премин, пренесе ДПА.