Останати спортови

Пораз од Египет на стартот од Били Џин Кинг Купот на македонските тенисерки

Пораз од Египет на стартот од Били Џин Кинг Купот на македонските тенисерки

Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3:0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра Бања Лука.

Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2).

Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше 1 час и 50 минути.

Во првиот сет Сара Митевска имаше водство од 3:2 во гемови, но ривалката

Лами Алхусеин Абдел Азиз освои три гема и поведе со 5:3 и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет Сара Митевска имаше водство од 2:0 и 3:1 во гемови, но искусната противничка која е на 404. место на ВТА листата го доби и вториот сет со 6:3.

Во мечот во двојки селекторот Кристијан Вангелов направи замена и на теренот се појавија Јана Божиновска и Зара Зафировска, кои загубија од Абдел Азиз и Нада Фуад со 2:0 во сетови.

Македонија денес е слободна, а во зависност од исходите од мечевите ќе биде познат противникот во среда.

Теми на денот

To top