Свет

Зеленски: Киев ѝ предложи енергетско примирје на Москва преку американски посредници

Зеленски: Киев ѝ предложи енергетско примирје на Москва преку американски посредници

Украина сега работи многу прецизно со Соединетите Држави на документи за безбедносни гаранции, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Доколку Русија е подготвена да престане да го таргетира нашиот енергетски сектор, ние ќе бидеме подготвени да го сториме истото. И овој наш предлог, кој го пренесоа Американците, е пренесен до руската страна“, рече Зеленски.

Тој додаде дека безбедносните гаранции се клучни за вистински крај на војната и траен мир.

„Важно е нашите партнери да нè слушаат по ова прашање и да продолжиме да остваруваме продуктивен напредок во преговорите“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е во контакт со САД речиси секојдневно на различни нивоа. (МИА)

To top