Корисниците од ул. „Радика“, „Пелистерска“, „Струма“, „Огражден“, дел од „Карпошево Востание“, дел од „Манапо“ и дел од „Илинденска“ денеска ќе бидат со прекинато водоснабдување, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Прекинот ќе биде поради промена на шибер од ф 100мм на ул.Струма бб и ќе почне од 12:50 часот.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на работните активности.