Без електрична енергија во одредени периоди од денот поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општините Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа во периодот од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кадино Село“ во Илинден.
Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачи на ул. „Призренска“ во Кучевишка Бара во општините Чучер Сандево и Бутел.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. „Џумајска“ во Карпош.