Кошарка

Проблем за Црвена Звезда – повторно се повреди Теодосиќ

Проблем за Црвена Звезда – повторно се повреди Теодосиќ

Поранешниот репрезентативец на Србија по средбата со „црно-белите“ се пожалил на повреда и денеска не тренираше со соиграчите.

Колкава е сериозноста на повредата останува неизвесно и медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали 36-годишникот ќе може да настапи на престојните натпревари од двојното коло во Евролигата против Валенсија и Барселона, натпревари во кои белградскиот тим нема право на грешка со оглед на позицијата на табелата и амбицијата за настап во разигрувањето на најсилното кошаркарско првенство во Европа.

Како потсетување, Теодосиќ кој оваа сезона бележи просек од 10.7 поени и 5.7 асистенции по натпревар во Евролигата пред натпреварот со Партизан пропушти четири средби на кои неговото отсуство беше видливо во играта.

To top