Фудбал

Арбелоа: Ова е мој пораз, целосно само мој

Арбелоа: Ова е мој пораз, целосно само мој

Тренерот на Реал МадридАлваро Арбелоа, ја презеде целосната одговорност за поразот од Мајорка (1:2), признавајќи дека тимот не го покажал потребното ниво и концентрација, особено во второто полувреме.

„Сега освојувањето на првенството стана потешко отколку пред почетокот на натпреварот. Ни остануваат уште осум натпревари и, како што им кажав на играчите, без разлика на ситуацијата, нашата цел е да ги добиеме сите. За да го постигнеме тоа, мора да играме подобро од денес и да покажеме многу повисоко ниво. Сè е потешко, но целта мора да остане иста“, изјави Арбелоа.

„Во натпревар во кој бевме подобри, падот на концентрација нè чинеше гол. Кога не си доволно смирен пред голот, а противникот е, тогаш плаќаш цена. Најболно е што во второто полувреме не бевме подобри.“

На крајот, Арбелоа повторно ја презеде вината врз себе.

„Ова е мој пораз, целосно и само мој. Одлуките ги носам јас и одговорноста е моја. Сакам играчите веќе да мислат на натпреварот во вторник. Кога ќе излезат од соблекувалната, треба да мислат само на Баерн“, заврши тренерот на Реал Мадрид.

To top