Тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, ги изнесе своите очекувања за реваншот против Олимпијакос во четвртфиналето од Еврокупот на ЕХФ, потенцирајќи дека ништо не е готово и очекува сериозен пристап на натпреварот пред домашната публика.
„Сигурно дека ништо не е готово. Гледам дека јавноста е позитивно расположена по првиот меч, но оваа предност во модерниот ракомет не мора да значи ништо. Кога се игра со брзо темпо и влогот е голем, овие пет гола можат лесно да бидат надополнети.
Олимпијакос минатата сезона ја победи Турда со пет голови на гости, па загуби со четири гола на домашен терен. Имаме многу повреди, дури четворица ќе мораат да играат под лекови или со инјекција. Не тренираме толку силно како минатата недела, очигледен е заморот, но и проблемот со повредите.
Не играме само за Охрид, туку и за цела Македонија затоа што ја претставуваме државата. Имаме добар резултат, но мораме да работиме напорно за да се пласираме во полуфиналето. Немаме преголем ростер, но ќе се обидеме да пружиме силен отпор, со кој ќе ја оствариме нашата цел“, изјави Ројевиќ.
Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Олимпијакос ќе се одигра на четврти април во салата „Билјанини Извори“. Почетокот е закажан за во 18:00 часот