Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

Хоџа: Оваа година е клучна за изградбата на регионалните депонии

Со проектот ќе се знае собирањето и префрлањето на отпадот во еден регионален центар, рече министерот Хоџа.

Хоџа: Оваа година е клучна за изградбата на регионалните депонии

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за започнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

-Работиме на подготовка на документација која очекуваме за брзо време да биде готова и да биде објавен повикот за да се избере економски оператор кој ќе ја започне изградбата на регионалните депонии во Новаци и во Русино, изјави министерот Хоџа. Тој заедно со заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи-Шаќири денеска беше на увид на изведбата на проектите во Општината кои се изведуваат со поддршка на двете ресорни министерства.

Оваа е клучна година за изградбата на регионалните депонии кои ќе го решат прашањето со дивите депонии и со селекцијата на отпадот.

-Очекуваме 2026 година да биде клучна година кога зборуваме за регионалните депонии. Првата фаза, распределба на опрема за комуналните претпријатија е во тек, се подготвува документацијата и за брзо треба да биде објавен јавниот повик за економски оператор што ќе значи почеток на изградбата на Регионалните центри, за југозападниотдел во Новаци, за источниот- во Русино, рече Хоџа.

На прашањето што со палењето на депониите, министерот Хоџа рече дека сега тие се грижа на општините кои треба да соработуваат со институциите.

-Тука сме во тесна соработка со сите институции, вклучувајќи ги и нашето Министерство и општините. Дивите депонии се под ингеренции на општинските власти. Но ние паралелно работиме за подготовка на документацијата, објава на јавниот повик и изградба на регионалните центри за собирање на отпадот, бидејќи со изградбата на регионалните центри за отпад, ќе ставиме крај на дивите депони. Со проектот ќе се знае собирањето и префрлањето на отпадот во еден регионален центар, рече министерот Хоџа.

Според него, во инвестирањето во животната средина и комуналната инфраструктура не се заборавени ниту помалите општини. Има рамномерен развој. Во Долнени веќе се реализира проектот за реконструкција и регулација на речното корито во Дебреште. Ова е инвестиција од околу 11,8 милиони денари, преку „Унгарски кредит 2“. Министерството учествува со речиси половина од средствата, 5.792.804 денари.

Паралелно, започната е и реализацијата на доводниот цевковод за водоснабдување од регионалниот систем „Студенчица“ кон повеќе населени места:Црнилиште, Слепче, Браилово и Десово. Договорот е потпишан, работите се одвиваат на терен. Со овој проект се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за граѓаните. Општина Долнени веќе доби дел од опремата, 2000 канти и 50 контејнери. До октомври 2026 година ќе следува и испорака на специјализирани возила.

Министерството за транспорт и врски учествува во изградрадбата на патната инфраструктура.

– За Долнени, од Министерството за транспорт и врски се доделени вкупно 15 проекти во вкупна вредност од 2,1 милион евра. Неколку проекти од првиот повик веќе се завршени, а денес сумво Долнени на увид на три проекти, за Дебреште, Црнилиште и Десово и станува збор за реконструкција на локални патишта и секој од трите зафати е во вредност од по околу 300.000 евра, изјави заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири.

Најнови вести од Македонија

To top