Република НП Маврово

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Освен тоа ќе се овозможи превенција и рано откривање на незаконски активности, како што се бесправна сеча, лов, загадување, уништување на природните ресурси и други дејствија што можат да предизвикаат штета врз животната средина, стои во соопштението од НП „Маврово“.

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Управата на националниот парк „Маврово“ почна да спроведува видеонадзор. Новиот систем треба да обезбеди повисоко ниво на заштита на природата, како и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите.

Во соопштението до јавноста се наведува дека одделението за заштита и мониторинг на Националниот парк Маврово, на 60 локации низ територијата на паркот. Поставувањето на опремата, како што наведуваат од НП „Маврово“ е во согласност со законски надлежности и обврски и се однесуваат на заштита, унапредување и одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите.

– На ваков начин ќе се следат дивите видови животни и нивната бројна состојба. Освен тоа ќе се овозможи превенција и рано откривање на незаконски активности, како што се бесправна сеча, лов, загадување, уништување на природните ресурси и други дејствија што можат да предизвикаат штета врз животната средина, стои во соопштението од НП „Маврово“

Со видеонадзорот ќе се овозможи и подобро следење на состојбите во природата, движењето на дивите животни и навремена реакција од страна на надлежните служби, со што се унапредува севкупната заштита и управување со паркот.

Од управата на најголемиот национален парк во Македонија упатуваат апел до посетителите да се придржуваат кон правилата за движење и престој во рамки на паркот, да ја почитуваат природата и да постапуваат одговорно во зачувувањето на природното богатство.

To top