Македонија НАТКАСТ со Љупчо Цветановски

Светозаревиќ откри ексклузивни факти за постоењето на Македонците, Македонија и македонскиот јазик низ вековите

Секој Македонец треба да знае дека имаме свој дом  и дека треба да се бориме за него да го сочуваме. Затоа што ако не го сочуваме веќе никој не ќе може да ни помогне, рече Светозаревиќ.

Светозаревиќ откри ексклузивни факти за постоењето на Македонците, Македонија и македонскиот јазик низ вековите

Историчарот, архивист, писател и родољуб, Бранислав Светозаревиќ Покорни, вечерва беше гостин во НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски.

Во своето гостување откри ексклузивни факти за постоењето на Македонците, Македонија и македонскиот јазик низ вековите, за непроценливите историски вистини за писмата и укази на Цар Леопол, за привилегирана заштита на МАКЕДОНЦИТЕ од 1690-та година.

-Овие два тома зборуваат за тие Македонци, кои се надвор во светот и секогаш гледаат на било каков начин, макар на својот гроб на крајот од животот, да пишат дека се Македонци. Што е многу ретко и необично. Тоа е нешто што треба да го почитуваме ние, да ни дава патоказ како понатаму треба да се однесуваме. Многу посериозно кон нас самите затоа што само Македонците во Вардарскиот дел на Македонија успеаја да имаат своја татковина. Се разбира, таа е татковина на сите Македонци во светот, но тоа е голем  успех, рече тој.

Посочи дека од околу 2000 народи кои живеат во светот само 200 имаат своја држава и нација.

-Во тој клуб се и Македоните. Секој Македонец треба да знае дека имаме свој дом  и дека треба да се бориме за него да го сочуваме. Затоа што ако не го сочуваме веќе никој не ќе може да ни помогне, рече Светозаревиќ.

Говореше дека сега со помош на дигитализацијата многу полесно прави да можеме да дојдеме до значајни документи.

Негова цел е да излезе на површина вистината за Македонија и Македонците.

-Од таму произлезе овој пат освен името Македонци да го третирам и јазикот. Зошто? Испадна дека во овие изданија од 15 до 18 век нема некое издание кое не го споменува македонскиот јазик. Не словенски, туку македонски јазик. И го третира на територијата која нас ни е позната. Има материјални докази дека ги цитираат Македонците како се молеле на Бога, рече тој.

Зборуваше за неостварената идеја за создавање МАКЕДОНСКО КНЕЖЕВСТВО во 1878-та година, факти соддржани во новиот, втор том на „МАКЕДОНЦИ, сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944г.)“ и за неговата јасна демистификација на бугарските лаги и мистификацијата во антимакедонските авантури на Милетич и Селишчев кои Бугарите со децении ги користат како „оче наш“ во ударот врз македонската вистина во „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“.

Целото негово гостување погледнете го во видото во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top