Хроника Сообраќајна несреќа во Тиквешко

Момче е повредено: Возело под дејство на алкохол и без положен возачки испит

Како што соопштија, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

Момче е повредено: Возело под дејство на алкохол и без положен возачки испит

Момче кое управувало возило под дејство на алкохол и без положен возачки испит, се превртело на коловозот во Тиквешијата и се здобило со повреди, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Денеска во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д., на возраст од 19 години од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница – Кавадарци, каде е задржан на лекување, информираа од СВР – Велес.

Како што соопштија, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

– По насоки од јавен обвинител, возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.  (МИА)

To top