Свет каков треба да изгледа исходот

Австралија повикува на деескалација на Блискиот Исток по говорот на Трамп

Австралија е во голема мера зависна од увозот на гориво, а нејзините тековни резерви ќе траат 37 дена.

Австралија повикува на деескалација на Блискиот Исток по говорот на Трамп

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска повика на деескалација во војната на Блискиот Исток, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целите се постигнати.

Албанезе рече дека американско-израелските напади ги ослабнале воздухопловните сили, морнарицата и одбранбената индустрија на Иран.

„Сега кога целите се постигнати, не е јасно што останува да се постигне или каков треба да изгледа исходот (од војната)“, рече тој во Канбера. „Она што е јасно е дека колку подолго трае војната, толку е поголемо влијанието врз глобалната економија“, додаде Албанезе.

Австралија е во голема мера зависна од увозот на гориво, а нејзините тековни резерви ќе траат 37 дена. Земјата е погодена од блокадата на Ормуската Теснина од страна на Иран, стратешки воден пат низ кој минуваат една петтина од светските залихи на нафта.

Коментарите на Албанезе дојдоа по долгоочекуваните забелешки на Трамп, кои вклучуваа уште две до три недели „екстремно тешки“ напади врз Иран.

Тој рече дека неговата цел е да ја уништи иранската војска, да ја прекине поддршката на Исламската Република за милитантните групи во регионот и да го спречи режимот да се здобие со нуклеарно оружје.

Австралискиот премиер претходно изјави дека неговата земја не е вклучена во војната.

Сепак, министерот за одбрана Ричард Марлес денеска изјави дека Австралија ќе се придружи на воениот состанок за отворање на Ормуската Теснина, чиј домаќин е Велика Британија.

To top