Останати спортови

Суперболот повторно ќе биде организиран во Лас Вегас

Суперболот повторно ќе биде организиран во Лас Вегас

Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, изјави дека сите во организацијата се возбудени што Супербоулот повторно ќе се одржи во Лас Вегас.

– Ќе им обезбедиме на нашите навивачи уште едно неверојатно искуство на една од најголемите спортски и забавни дестинации во Америка. Супербоул 58 ги демонстрираше обемот, енергијата и гостопримството што ги носи градот. Со нетрпение очекуваме да им обезбедиме на навивачите уште подобро искуство – рече Гудел.

Лас Вегас беше домаќин на Супербоулот во 2024 година, во кој Канзас сити го победи Сан Франциско.

Инглвуд ќе биде домаќин на Супербоулот во 2027 година, а Атланта ќе биде домаќин на оној во 2028 година.

To top