Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ѝ се обрати на јавноста на прес-конференција по големиот успех и пласманот на „Змејовите“ на СП во САД, Канада и Мексико.
Најголемо внимание привлече прашањето за неговата повреда, откако Џеко на синоќешниот натпревар мораше да излезе од игра и не можеше да учествува во изведувањето пенали.
Говорејќи за тој момент, Џеко изјави:
„Се случи сето тоа, но имам чувство дека е некаква судбина да се случи во последната секунда – да не можам да шутирам пенал и некој друг да шутира наместо мене. Кој знае, ако шутирав јас, можеби немаше да погодам“, рече Џеко.
Капитенот на БиХ потоа го откри и она што најмногу ги интересираше навивачите – операција нема да биде потребна, а враќањето на терен се очекува релативно брзо.
„Не е најлошо, мислам дека нема да биде потребна операција. За месец до месец и пол би требало да бидам подготвен за враќање“, изјави Џеко.
Тоа значи дека искусниот напаѓач би требало да биде подготвен за нови предизвици, а својата кариера би можел да ја заокружи и со настап на Светското првенство.