Македонската ракометна легенда Столе Стоилов по крајот на богатата кариера започна со тренерската работа за првпат во кариерата ќе биде и прв тренер.
Легендата на Вардар 1961 кој долги години беше дел од стручниот штаб на црвено-црните, а во моментов е без клупски ангажман, ќе седне на клупата на македонскиот ракометен суперлигаш Бутел Скопје.
Клубот од суперлигашкото друштво го води Горан Кузманоски, но тренерот заминува да гради интернационална кариера во Кипар од каде има нов клуб.
Одлуката на раководството паднала на Стоилов, кој има големо познавање во македонскиот ракомет.