Кошарка победа во мајсторката

Смилковски: Агресивната наша одбрана на нивната бековска линија беше клуч за победата

За завршницата на дуелот искуството на Говенс, кој реализираше неколку важни поени беа решавачки. Инаку, чувството е неописливо – ова е историја за нашата организација и нашиот клуб, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.

Смилковски: Агресивната наша одбрана на нивната бековска линија беше клуч за победата

Кошаркарите на ТФТ остварија важна победа во мајсторката од четвртфиналето од плеј офот од АБА 2 лигата против Златибор и со 2-1 во добиени натпревари изборија полуфинале. Македонскиот претставник одигра одлична прва четвртина.

-Пофални зборови за младиот Стојанов, кој имаше пристап во натпреварот и покажа инспирација за другиот дел од екипата и можеби тоа беше клучот на овој натпревар за првата четвртина и нашата агресивна игра на нивната бековска линија каде стекнавме предност. Златибор успеа да се врати и во вториот дел ниту една екипа немаше поголема предност од четири до пет поени. За завршницата на дуелот искуството на Говенс, кој реализираше неколку важни поени беа решавачки. Инаку, чувството е неописливо – ова е историја за нашата организација и нашиот клуб, изјави тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.

Противник на ТФТ во полуфиналето е екипата на Сутјеска, а првиот натпревар се игра на 8.април во Никшиќ во 18 часот. (МИА)

To top