Македонија Била викната полиција

Стојанче и Мартин се соочија во судница: Откриени детали за голготата која ја живееле Ивана и Катја

Лично, Мартин не видел дека Стојанче ја тепа Катја, но, ја вреѓал со „курва мала“ и дека и таа ќе стане како Ивана.  Ивана раскажувала дека Катја нешто му изела на Стојанче, па тој почнал да вика по дома, објасни Мартин, прашан околу тоа дали Стојанче се грижел за неговата ќерка, кој давал пари за храна и слично. 

Стојанче и Мартин се соочија во судница: Откриени детали за голготата која ја живееле Ивана и Катја

Кој си ти да пријавуваш – го избркале од полициска станица кога сакал да пријави насилство врз Ивана, сведочеше Мартин Саздов на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

– Ивана сакаше да се реши убаво работата, да нема пријавувања – додаде, меѓу другото, сведокот, одговарајќи на прашања на одбраната.

Дали со Ивана правевте планови како да се ослободите од мене? Стојанче го праша Мартин, на што тој одговори – да.
Но, Мартин рече не го местеле за дрога, прашан за подметната дрога во автомобилот.

Дали постојано ја присилувавте мојата сопруга Ивана да се дрогира, праша Стојанче, но, Мартин рече дека Ивана му рекла на Мартин дека Стојанче ја терал да се дрогира.

-Никогаш не сум и зборел да се дрогира, рече Саздов.

Стојанче го праша зошто не пријавил во полиција, кога го удрил со возилото и Мартин го удрил него со калашников по рамо.

На Мартин му било жал, па прифатил да се заборави тоа, а немало ништо со калашников.

Стојанче го обвини Мартин дека пратил некого да го тепа во затворот Шутка, некој полицаец таму го тепал и му се заканувал во име на Саздов.

-Јас не познавам таков човек и никогаш не сум бил во контакт со некој од затворот, одговори Мартин.

Стојанче праша како видеата меѓу Мартин и Ивана биле во неговиот телефон, со што наводно, уценувал.

-Ивана ми пиша порака те молам прати ми ги видеата, многу ми е битно, потоа дознав Стојанче ја терал тоа да го напише, одговори Саздов.

Зошто и се закануваше на мојата сопруга денот кога се случуваше настанот дека ако не отиде во моментот кај мајка и, никогаш во животот Ивана повторно нема да ја види Катја?, праша Стојанче.

-Не можам да се заканувам со тоа дека можам да одземам нечие дете, одговори Мартин.

Стојанче рече дека во неговиот мобилен имало експлицитни видеа од Мартин и Ивана.

-Јас никогаш не сум и се заканувал на Ивана, откако и ги пратив видеата. Таа ми рече дека Стојанче и рекол дека ќе ги покаже на нејзините, на сите, рече меѓу другото Мартин.

Лично, Мартин не видел дека Стојанче ја тепа Катја, но, ја вреѓал со „курва мала“ и дека и таа ќе стане како Ивана.  Ивана раскажувала дека Катја нешто му изела на Стојанче, па тој почнал да вика по дома, објасни Мартин, прашан околу тоа дали Стојанче се грижел за неговата ќерка, кој давал пари за храна и слично.

Дали Ивана беше многу загрижена за одгледувањето на детето, каде ќе живее истото, праша судијата.

-Да, беше загрижена, ми викаше цело време – Катја си ја сака собата. „Ако не сме тука во станот, каде ќе одиме?“, тврди Мартин.

Според него, Ивана била во добри односи со мајка и и брат и до пред времето, кога ја натерале да се откаже од оставинската од татко и заради ситуацијата со Стојанче.

Мајките на Ивана и на Стојанче носеле храна скришно за Ивана и Катја, оти еднаш кога мајката на Ивана однела јадење, Стојанче го фрлил во канта, според денешниот исказ на Мартин во судницата.

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин, зборувајќи околу повредите на Ивана, модринките и слично.

Потоа како сведок беше повикана Ивана Белчева. Таа рече дека не го познава обвинетиот, за првпат го видела на 19 декември 2025 при излегување од маркет во Ѓорче Петров.

-Забележавме луѓе кои се расправаат, рече таа, а девојче плачело.

Со некоја мајка отишле да го смират детето. Се доближиле. Стојанче ја удрил Ивана во пределот на главата.

-Јас и жената застанавме помеѓу Стојанче и Ивана да ги разделиме, сведочеше таа, по што Белчева ја зела Катја во прегратки со цел да ја смири. Катја била видно вознемирена. Стојанче повторно ја удрил Ивана по главата и телото.

Била викната полиција.

-Дадов изјава пред полицијата што ја повикав. Тие направија записник, што јас го потпишав, рече Белчева.

На прашање од одбраната, таа рече дека ја видела Ивана и трета жена која била со неа и Стојанче, како се расправаат, не видела физички контакт. Но, слушнала дека имало нешто такво.

Судењето продолжува утре со сослушување на братот на Ивана, наставничка на Катја и сосетка.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top