Градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дел од атмосферата по повод априлијатата која се одржа во општина Ѓорче Петров.
Од најмали до најголеми, со учество на децата од градинките и основните училишта, Ѓорче беше исполнето со боја, креативност и енергија – со суперхерои, принцези и многу оригинални маски, секоја со своја приказна, објави Стојкоски.
🎭 АПРИЛИЈАДА ВО ЃОРЧЕ
✨ Од најмали до најголеми, со учество на децата од градинките и основните училишта, Ѓорче беше…
Posted by Александар Стојкоски on Wednesday, April 1, 2026
Градоначалникот Стојкоски ги објави најкреативните – секое училиште си го заслужи своето прво место:
🥇 Ана Елисоска – Пуканка
🥇 Лука Петровски – Буфо од Др. Оф Боли
🥇 Ива Павловска – Ајфелова кула
🥇 Максим Тодоровски – Сунѓерот Боб
🥇 Михаела Јончевска и Јана Ангеловска – Пуканки и кока-кола
🥇 Ема Сипевска – Азбука
Жонглери, диџеј и улични артисти ја збогатија атмосферата, но децата беа тие што го направија настанот посебен.
-Благодарност до сите што беа дел од оваа убава приказна. Вистинска Априлијада во Ѓорче Петров, потенцира Стојкоски.