Познати

Бојан Велевски во „Ништо лично“

Роден: е на 6-ти јануари 1988 година, во Скопје. Уште како дете ќе заплива во актерските води, па така тој е едно од ретките „деца-актери“ кои успешно ја продолжија кариерата и како возрасни. Својата популарност ќе ја стекне со улогите во познатите детски ТВ серии ( Ице во култната „Наше маало“ ) и Конде во „Големи и мали“.

Бојан Велевски во „Ништо лично“

Роден: е на 6-ти јануари 1988 година, во Скопје. Уште како дете ќе заплива во актерските води, па така тој е едно од ретките „деца-актери“ кои успешно ја продолжија кариерата и како возрасни. Својата популарност ќе ја стекне со улогите во познатите детски ТВ серии ( Ице во култната „Наше маало“ ) и Конде во „Големи и мали“.

Подоцна ќе дипломира на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје. Својата професионална актерска кариера ќе ја гради како дел од ансамблот на Театар Комедија во Скопје, каде го поминал најголемиот дел од својот професионален ангажман, но има настапувано и во други театри низ Македонија како гостин. Публиката го препознава по претставите како: „Сјајни момци“, „Хамлет во пикантен сос“, „Жени во народното собрание“, „Стјуардеси“, „Целиот свет е сцена, „Вардарски пастуви“…

Покрај театарските тука се и неговите улоги во познатите ТВ серии како и филмските остварувања:

„До балчак“ (Либе): Филм на Столе Попов каде ќе оствари забележителна улога.

„Цимери“ (Цветко): Популарна комична серија каде неговиот талент за комедија дојде до полн израз.

„Скопје Ремикс“ и „Ах, љубов моја“: Филмски остварувања каде се појавува во различни карактери.

„Тврдкорни“, „Народни приказни“ и „Дајте музика“: Како дел од неговиот телевизиски опус низ годините.

Тој се смета за еден од пионерите на современата стенд-ап комедија во Македонија. Тој беше дел од првиот бран артисти кои го популаризираа овој формат кај нас, правејќи го мејнстрим во време кога публиката допрва се запознаваше со концептот „еден човек со микрофон“.

Беше и првиот македонски комичар кој настапил во реномираниот загребски клуб „Студио смијеха“, со што ја проби бариерата за нашите стенд ап комичари на Балканот.

Неговиот хумор е мешавина од опсервациска комедија и социјална сатира, во кои тој се претвора во мајстор за имитирање на локални дијалекти и менталитети, анализа на македонските семејни вредности (и апсурди), а при тоа е постојано во директна интеракција со публиката, која често ја вклучува во своите настапи на многу спонтан начин.

Тој не е само актер – комичар кој раскажува вицови, туку е и своевиден хроничар на нашето секојдневие кој успева и најтешките теми да ги претвори во лековита смеа.

Неговото искуство на театарската сцена му дава посебна предност во стенд-ап настапите – тој не само што кажува шеги, туку комплетно ги „живее“ ликовите и ситуациите што ги опишува.

Своевремено ќе има и политички ангажман, не плашејќи се јавно да ги искаже своите ставови. Во овој ангажман, тој ќе се претстави како критичар на општествените аномалии, често користејќи го својот хумор и реторика за да укаже на потребите за реформи и промени во државата. Неговото учество во политиката беше мотивирано од желбата за директно влијание врз подобрување на културниот и социјалниот живот во Македонија.

Приватно е семеен човек, кој за својата сопруга Каролина често вели на шега дека е неговиот најголем критичар и дека „тешко се омекнува со шеги кога е навистина лута“. Но е и горд татко на синот Војдан, кој на многу детски и искрен начин ги коментира неговите успеси и настапи.

Патем е голем љубител е на фитнесот и фудбалот, одржувајќи и физички и ментално активен спортски дух.

За сето ова, но заето останато што е помалку познато или воопшто непознато за него, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ како поткаст гостин кај Антонио Димитриевски, премиерно на денот на шегата 1-ви Април доаѓа македонскиот актер и стендап комичар Бојан Велевски.

Премиерата оди вечерва, среда, 1-ви април со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (@Kurir.podcast)

Фото: Фејсбук и Инстаграм/Bojan Velevski

To top